Стоперите се во мода, ќе се подноват Арсенал и Манчестер јунајтед

Арсенал и Манчестер јунајтед се на прагот на одлични засилувања на стоперската позиција, а ќе платат идентична сума на пари, околу 55 милини евра за двајца репрезентативци на различни земји.

Топчиите од Лондон веќе се договорија со Брајтон за ангажман на Бен Вајт, репрезентативецот на Англија, кој иако беше во составот на Годиот Албион на Европското прврнство не доби шанса да игра на ниту еден меч.

Арсенал ќе плати сума од 55 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец, кој една сезона играше заедно со Езџан Алиоски, како позајмен играч од Брајтон во Лидс.

Иста понуда тешка 55 милиони евра ќе испрати Манчестер јунајтед за Реал Мадрид, за да го ангажира францускиот репрезентативец Рафаел Варан.

Варан се изјасни дека сака да игра во Премиерлигата што е адут на Црвените ѓаволи во преговорите со Кралскиот клуб. Стоперот, кој има 28 години беше во полн погон на Европското првенство и ги одигра комплетно сите четири меча за Франција, селекција што испадна во осминафиналето по пенал серијата против Швајцарија.

 

- Оглас -

Најнови вести