Стоперот на Сити е најдобар играч во Премиер лигата според Асоцијацијата на новинари

Асоцијацијата на фудбалски новинари во Англија го избра Рубен Дијаш за најдобар фудбалер во Премиер лигата за актуелната сезона. Стоперот на Манчестер сити доби повеќе од 50% од гласовите и зад себе ги остави клупскиот колега Кевин Де Бројне и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Портуласкиот репрезентативец е само трет фудбалер во историјата кој ја добил оваа наградата во својата дебитантска сезона во англиското првенство, а е само втор дефанзивец по Стив Никол кој ја освои наградата во 1989 година.

„Да се добие оваа награда е голема привилегија, особено што сум само втор дефанзивец во целата историја кој е прогласен за најдобар играч од страна на новинарите. Немаше да бидам тука без помошта од моите соиграчи, целиот тим играше на врвно ниво и затоа сметам дека сите заедно придонесовме за признанието“, изјави 24-годишниот одбранбен играч.

Дијаш во Премиер лигата запиша 31 настап во кои на 22 од нив се радуваше на победа, при тоа придонесе за Граѓаните во 16 наврати да ја сочуваат својата мрежа.

- Оглас -

Најнови вести