Страшна сцена на тренингот: се запали болид, оганот гореше зад главата на Гасли (Видео)

Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли, имаше многу непријатна ситуација за време на денешниот втор слободен тренинг во Формула 1, на патеката во Сингапур.

Додека Гасли се паркираше во пит-стопот, болидот почна да гори. Пилотот додека да сфати што се случува во близина на неговата глава, поминаа неколку секунди, по што почна да бега додека механичарите го гасеа оганот.

Официјалните квалификации се утре, а трката е в недела. Макс Ферстапен има шанса уште в недела на 2 октомври да ја освои втората титула во кариерата, а ако успее тоа би било најрано во историјата на Ф1 некој пилот да си ја обезбеди титулата.

- Оглас -

Најнови вести