Струга Трим Лум се засили со голгетер од Франција

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум комплетираше уште едно засилување во пресрет на новата сезона, откако денеска го промовираше Хамонд Агамах како нов член на клубот.

Дваесет и деветгодишниот напаѓач, кој поседува француско и ганско државјанство, во текот на својата кариера настапувал исклучиво во Франција, каде што играл за неколку клубови од пониските натпреварувачки рангови.

Со ангажманот на Агамах, стружани продолжуваат со освежувањето на играчкиот кадар. Клубот ова лето доведе повеќе нови фудбалери, со јасна цел да изгради поквалитетен тим кој ќе биде конкурентен во борбата за висок пласман во Првата македонска фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести