Суарес: Им должиме извинување на навивачите

Ливерпул го стори невозможното и се пласира во финалето од Лигата на шампионите надополнувајќи три гола негатива од првиот полуфинален дуел против Барселона. На некои уште не им се верува дека Црвените триумфираа со убедливи 4-0 на „Енфилд“, фудбалерите на Јирген Клоп се издигнаа од пепелта покажувајќи карактер каков што ретко се гледа.

Ѕвездите на Барселона со спуштени глави го напуштија Ливерпул. Меси избегна да даде изјава, но Суарес се обрати на јавноста и побара од навивачите на Барселона да им простат за ова фијаско.

„Втора година во низа претрпевме елиминација на ист начин, прво од Рома, сега од Ливерпул. Ги повторивме истите грешки, со погрешен менталилет влеговме во реваншот. Вчера не личевме на тим, ние играчите тотално потфрливме. Задачите кои ни ги даде тренерот не ги извршивме и ја плативме цената за тоа. Кај четвртиот гол изгледавме како изгубени деца, претходно примивме два гола за две минути. Ни останува само да бараме прошка од навивачите, знам дека ги разочаравме“, истакна Суарес по мечот.

Барселона првпат по 2015 година успеа да се пласира во полуфиналето од ЛШ, но сепак нивниот европски поход заврши на сличен начин како и лани. Минатата сезона Барселона испадна во четвртфиналето од Рома откако имаа три гола предност по првиот меч со триумфот од 4-1, за на крајот да загубат со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести