Суарес: Ослабев три килограми за да бидам во топ-форма за Копа Америка

Луис Суарес беше стрелец на третиот гол за Уругвај во победата над Еквадор од 4-0. Искусниот голгетер на Барселона на тој начин го постигна 58-oт гол за својата репрезентација, а по мечот откри интересен детал од неговата подготовка за Копа Америка.

„Додека закрепнував од операцијата на менискусот, многу работев и на мојата тежина. Ослабев три килограми и сега се чувствувам полесно. Сакав да бидам во топ-форма за шампионатот, знаејќи дека по операцијата закрепнувањето траеше пократко од очекуваното“, истакна Суарес.

Инаку, два дена откако Барселона претрпе елиминација од Ливерпул во полуфиналето од ЛШ, Суарес замина на операција на менискусот, по што паузираше повеќе од еден месец, но со голот против Еквадор покажа дека го задржал голгетерскиот инстинкт.

- Оглас -

Најнови вести