Суарес со уникатно постигнување, од 1 до 97 е перфектен

Луис Суарес минатата сезона беше еден од најзаслужните за титулата што ја освои Атлетико Мадрид во Примера. Уругваецот продолжува да блеска и сега е вистински херој на Јорганџиите. На последниот меч, во градскиот дуел против Хетафе, Суарес ги постигна двата гола за гостите и тоа беше доволно за пресврт и победа од 2:1.

Првиот погодок на Суарес беше во 78-мата минута, а токму тој гол имаше посебно значење за напаѓачот. Токму 78-мата минута беше единствената во која Суарес немаше постигнато ниеден погодок. Со овој гол, Уругваецот комплетираше една неверојатна низа, а тоа е да постигнува гол во секоја од првата до 97-мата минута.

Суарес во кариерата на 661 натпревар има постигнато 427 голови, а има и 238 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести