Суарес уште еднаш покажа што значи за Атлетико (Видео)

Атлетико Мадрид може да биде задоволен што не загуби на домашен терен во дуелот со Реал Сосиедад (2:2), ако се знае дека Јорганџиите беа во негатива од два гола. Реал Сосиедад на овој меч на теренот на актуелниот шпански првак покажа дека не случајно е лидер во Примера дивисион.

Гостите уште во седмата минута поведоа, а на почетокот на второто полувреме погоди и Исак за 2:0 за Сосиедад. Сепак, Атлетико покажа зошто е првак и благодарение на нивниот најдобар играч Луис Суарес се спаси од пораз. Уругвајскиот голгетер најпрво погоди за 1:2 во 61-вата минута, а потоа во 77-мата минута беше прецизен и од пенал за 2:2.

Атлетико со овој бод стигна до 18 бодови и сега е на четвртото место на табелата, додека Сосиедад со ова реми се врати на врвот на табелата со 21 бод, еден повеќе од вториот Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести