Судии се обвинети дека наместиле пријателски меч кој се играше вчера во Турција!

Се појавија скандалозни информации во полските медиуми дека судиите помогнале вчерашниот контролен меч во Турција помеѓу австриски ЛАСК и полскиот тим Висла Краков да биде наместен според желбата на обложувачи кои вложиле многу пари на  „4+ голови“.

ЛАСК победи со 3-1, а при резултат 1-1, на 15-тина минути до крајот на мечот, имало големи уплати (наводно биле уплатени над 45.000 евра) на 4+ голови.

Во 76-та минута беше досуден сомнителен пенал за ЛАСК, по кој Полјаците сакале да го напуштат теренот, но сепак останаа и доиграа. Австријците дадоа гол за 2-1, а и пеналот за Висла во првото полувреме бил спорен.

- Оглас -

Најнови вести