Судиите не видоа чист гол и на португалски тим му скратија два бода

На дуелот помеѓу екипите на Санжоаненсе и Куимброеш од третата португалска лига, кој заврши со 1-1, судиите му скратија два бода на домашниот тим бидејќи во 89-тата минута дадоа гол, топката целосно ја мина гол-линијата, но судиите не го видоа тоа. Ова се случи вчера, а откако ги виде фотографиите, денеска линискиот судија кој требаше да види дека е гол, му се извини на тимот кој се бори за место во плејофот за влез во втората лига.

Санжоаненсе е на шест бода зад вториот (првите два одат во бараж), а ако победеа како што требаше против Куимброеш, ќе беа на четири бода негатива и нешто поблиску до целта.

- Оглас -

Најнови вести