Судиите нека бидат на штрек – Ѓоковиќ пак ќе игра против Карењо Буста

Пабло Карењо Буста повторно ќе игра против Новак Ѓоковиќ само еден месец по контроверзната дисквалификација на српскиот тенисер на Отвореното првенство на САД, а овојпат ќе се игра за полуфинале на Ролан Гарос.

Шпанецот вечерва го победи Даниел Алтмаер во последното осминафинале на машкиот дел од гренслемот во Париз и ќе му пружи шанса за рехабилитација на Ѓоковиќ по дисквалификацијата на американскиот гренслем во Њујорк.

Во еден од најконтроверзните моменти во историјата на тенисот, што се случи на 6 септември, односно пред еден месец, Новак беше исклучен откако со топче ја погоди линиската судијка Лорен Кларк.

Во моментот кога се случи бизарниот инцидент, Карењо Буста водеше со 6:5 во првиот сет, а Ѓоковиќ беше дисквалификуван.

Сега ќе има нов меч меѓу нив двајца, што е шанса за најдоброрангираниот тенисер на светот да се рехабилитира за грешката и да се обиде да го победи шпанскиот тенисер.

Во останатите четвртфиналиња, Надал ќе игра против Синер, Тим за противник го има Шварцман, а Рублев ќе ги одмери силите со Циципас.

 

- Оглас -

Најнови вести