Судија кој досуди четири пенали на еден меч, доби доживотна забрана

Мароканската фудбалска федерација му изрече доживотна казна на арбитерот Хишам Тијази поради груби грешки при водењето на меч од тамошното првенство.

Грешките на 44-годишниот Тијази директно влијаеле на крајниот резултат и затоа тој веќе никогаш нема да суди. Тој досудил четири пенали на еден натпревар, од кои три за едниот тим. Тоа се случило минатиот викенд, на дуелот помеѓу Олимпик Хурибга и Јусуфија Берешид, кој заврши 4-1 за Олимпик. Три од четирите гола се од пенал, а за два има сериозни сомнежи дека воопшто немало фаули.

Судиската и Дисциплинската комисија го обвинија судијата дека допуштил сериозни прекршувања во толкувањето на правилата на фудбалската игра.

Инаку, судијата имаше само уште една година до крајот на кариерата. Судијата има знак и на ФИФА и водел и меѓународни мечеви на национални тимови.

- Оглас -

Најнови вести