Судија на Вимблдон се симна да игра, а тенисерот се качи да суди (Видео)

За време на егзибициски меч на Вимблдон во мешани двојки, се случи нешто што нема шанса да се види на регуларен официјален меч од програмата на неофицијалното светско првенство.

Холандскиот дубл Пил Хархуи/Жако Елтинг играа со многу попознатите Патрик Мекинро и Анри Леконт, а Французинот Леконт направи нешто што не би му текнало можеби на никој друг. Тој реши да ја преземе улогата на судија и со вистинскиот судија привремено си ги заменија местата.

Судијата добро се снајде и во првиот поен успеа да го забие топчето за изедначување бидејќи Холанѓаните имаа брејк-топка. На крај, Мекинро и Леконт загубија, па џабе им беше помошта од судијата, кој освои три поени за нив.

 

https://www.youtube.com/watch?v=WooFJR388Do

- Оглас -

Најнови вести