Едногодишна суспензија за судијата кој удри голман со глава

Италијанскиот нисколигашки фудбалски судија Антонио Мартиниело доби забрана за судење во времетраење од една година поради тоа што го удри со глава голманот на една од екипите, нешто слично на Зинедин Зидан со Марко Матераци на СП 2006 година.

На 1 февруари меч играа Борго Мољано и Монтотоне, а судијата му покажа црвен картон на домашниот 37-годишен голман Матео Чичоли. По средбата, голманот побарал објаснување за црвениот картон, но добил удар со глава во глава и завршил во болница. Освен тоа што нема да смее да суди една година, Мартиниело има забранет влез на сите стадиони во Италија на кои се играат мечеви од прва, втора и трета лига, како и на репрезентацијата на Италија.

Лекарите велат дека голманот нема да може да брани 15 дена бидејќи имал потрес на мозокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести