ФИФА со официјално соопштение потврди дека на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан не му била дадена американска виза и нема да може да суди на претстојниот фудбалски Мундијал.
На еден од најдобрите африкански судии, му беше одбиен влез во САД. Артан моментно е во Турција каде го чекаше расплетот.
Сомалија е меѓу земјите што подлежат на строги ограничувања за влез воведени од администрацијата на Доналд Трамп. Американските имиграциски власти не ја открија конкретната причина за репатријацијата на судијата.
Како и на претходните настани во организација на ФИФА, владата на земјата домаќин одлучува кој ќе добие виза и кој може да влезе во земјата.
„И покрај околностите, расположен сум и фокусиран на претстојните предизвици во мојата кариера. Би сакал да им се заблагодарам на ФИФА и КАФ за целата нивна поддршка и ветувам дека ќе се обидам да продолжам да се подобрувам. Им посакувам успех на моите колеги за време на Светското првенство и се надевам дека повторно ќе им се придружам на идните натпреварувања“, порача судијата Артан.

