Судијата кој го судеше последното Ел Класико ќе биде главен на Ерменија – Македонија

Искусниот шпански судија Хосе Марија Санчес Мартинес е делегиран да го суди дуелот меѓу Ерменија и Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Дуелот во Ереван се игра в четврток, а може да биде клучен за двете селекции во трката за второто место, кое води во баражт за Мундијалот.

Санчес Мартинес е еден од најдобрите судии во Шпанија и е со знакот на ФИФА од 2017 година. Тој беше делител на правдата на последното Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид, на кое гостите победија со 2:1. Нема да се буниме ако и во Ереван победат гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести