Супер деби за Родриго – Влезе во 71-вата минута и погоди во првата шанса (видео)

Реал Мадрид нанижа две победи во низа, и тоа без примен гол, откако вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ја совлада Осасуна со сигурни 2-0. Зинедин Зидан направи огромни промени во составот за овој меч, а резервистите ја оправдаа довербата и испорачаа за ново искачување на Кралевите на врвот на табелата во Ла Лига.

Младото бразилско дуо се погрижи за новото славење со кое Реал ја поправа формата во пресрет на градското дерби против Атлетико. Винисиус постигна мајсторски погодок во 36-тата минута, а на најдобар можен начин се претстави Родриго пред навивачите на Кралскиот клуб.

Летното засилување дебитираше за Реал во 71-вата минута, а уште во првата акција го постигна и првенецот со кој се осигурија трите бода.

https://twitter.com/LLangvinis/status/1176958064936792067

https://twitter.com/LLangvinis/status/1176945208128364546

- Оглас -

Најнови вести