Светот го жали Муслера кој скрши нога, а тој е во супер роденденско расположение (Фото)

Голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера, беше опериран со цел да се санираат двете скршеници на десната нога, а Уругваецот денеска го прослави и својот 34-ти роденден. Сопругата на Муслера, Патрисија Калјеро, реши да го изненади Фернандо и замина во болница со балони и подароци, па Муслера на тортата дуваше свеќички со броевите 3 и 4.

Во болничката соба во која лежи оперираниот славеник дојде и тренерот на Галатасарај, Фатих Терим.

Муслера тешките повреди ги здоби викендов, на мечот со Ризеспор и пораки со поддршка му испратија од многу страни. Денеска и Европската фудбалска федерација, УЕФА, му посака брзо закрепнување и среќен роденден.

- Оглас -

Најнови вести