Светски првак ќе биде земја која веќе освоила фудбалски Мундијал

Уште осум репрезентации останаа во игра за титулата на Светското фудбалско првенство. Четвртфиналните битки почнуваат утревечер, а според квотите во Sport Life, фаворити, и тоа големи, да одат понатаму се Франција, Шпанија, Англија и Аргентина.

Тоа значи дека ако нема изненадувања, полуфиналните двојки ќе бидат Франција – Шпанија и Англија – Аргентина.

Што се однесува до квотите за освојувач на првенството, и тука овие четири земји се топ фаворити, а другите четири се надеваат на чудо.

Во моментов прв фаворит за пехарот е Франција, а потоа следуваат Шпанија и Аргентина, додека веднаш зад нив е Англија. Ова како да најавува и дека евентуалното полуфинале Франција – Шпанија е финале пред финале и победникот ќе биде фаворит и во финалето, против кого и да игра.

Досега во историјата на Мундијалите само осум земји биле шампиони. Четири од нив се во четвртфиналето и фаворити, па веројатно повторно нема да видиме титулата да ја освои некој што досега ја нема освоено.

 

- Оглас -

Најнови вести