Светски шампион со Бразил дава совет: Исплатете го Анчелоти и доведе го Пеп Гвардиола

Раната елиминација на Бразил од Светското првенство 2026 продолжува да предизвикува голем број реакции во земјата. Светскиот шампион со Селесао од 1994 година, Луис Антонио Кореа да Кошта – Милер, ја повика тамошната фудбалска федерација да ја плати отштетата за раскин на договорот со Карло Анчелоти и на негово место да го назначи Пеп Гвардиола.

„Песимист сум. Ако бев на раководна позиција во Федерацијата, ќе го отпуштев Анчелоти и ќе го ангажирав Жорж Жезус или Пеп Гвардиола. Бидејќи очигледно мора да трошиме пари, а изгледа дека има средства за тоа, тогаш треба да ја платиме отштетата на Анчелоти и да назначиме друг човек на негово место“, изјави Милер.

Бразилците неочекувано брзо се збогуваа со Мундијалот откако во осминафиналето загубија од Норвешка со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести