Светскиот и европски првак ја одбра Рома пред Интер

Педро Родригес многу веројатно ќе биде првото летно засилување на Рома. Искусниот шпански офанзивец по крајот на сезоната го напушта Челзи како слободен играч, а веќе се договорил со Римската волчица, каде што во следните две години ќе заработуа три милиони евра по сезона.

За еднократниот светски и европски првак со Шпанија, се интересирал и Интер, но како што тврдат италијанските медиуми Педро не сакал да преговара со Нероаѕурите бидејќи веќе се договорил со клубот од Рим.

Педро оваа сезона не се изнаигра во дресот на Челзи откако го загуби местото во стартниот состав, што е една од причините што ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ по пет години и три освоени трофеи.

- Оглас -

Најнови вести