Светско првенство на два континента? Идејата е остварлива според Инфантино

На претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му се допаѓа идејата Светското првенство во 2030 година да се одржи на два различни континента. На тој Мундијал ќе се слави стогодишнина од основањето на првенството и оваа идеја би можела да биде револуционерна доколку се најдат федерации кои би прифатиле да го организираат турнирот на овој начин.

Мундијалот во 2026 година ќе се одржи во Мексико и САД, а Инфантино посочи дека следен чекор би било првенството да се одржи на многу поголема дистанца.

„Доколку луѓето се стремат кон овие промени, не гледам зошто не би можело да се оствари. За Мундијалот во 2030 година ќе се зборува дури во наредните четири години, а сè зависи од тоа колкав број федерации ќе се пријават на лицитацијата за да добијат домаќинство“, истакна Инфантино.

Како пример може да се земе претстојното Европско првенство кое ќе се одржува во 12 разлилни земји низ Стариот Континент, со тоа што полуфиналињата и големото финале ќе се одиграат на стадионот „Вембли“ во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести