Sвездите на Јувентус се бесни на Алегри, причина е тактиката против Севиља

Јувентус во драматичен натпревар загуби од Севиља со 2-1 после продолженијата и не успеа да се пласира во финалето на Лигата на Европа. Таму ќе патува Севиља, која ќе се сретне со Рома на 31-ви Мај во Будимпешта.

Sвездите на Јувентус не се задоволни од тактиката со која Алегри се спротивстави на Севиља, сметајќи дека била премногу дефанзивна. Предводници на “бунтот“ се Анхел Де Марија, Федерико Киеза и Хуан Куадрадо.

Пред натпреварот, токму Куадрадо изјави дека високо ќе ја притиснат Севиља, но само доколку тоа го дозволи Алегри. Офанзивците на Јувентус се збунети од тактиката на нивниот тренер.

На дуелот со Севиља, најистурените играчи беа на дури 35 метри од голот на Шчесни. На крајот од сезоната Куадрадо најверојатно ќе си замине од Јувентус, додека Ди Марија и Киеза најверојатно ќе ги продолжат договорите.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести