Реал Мадрид го победи Овиедо со 2-0 во меч од шпанската Ла Лига на кој головите ги постигнаа Гонзало во првото и Белингам во второто полувреме.
Екипата на Овиедо доби овации од публиката, особено ветеранот Санти Касорла, а играчите на Реал беа исвиркани, најмногу Килијан Мбапе. Французинот беше спремен на ова и со насмевка одговори на негодувањата против него.
Се водеше „војна“ и на трибините. Во две ситуации, обезбедувањето им одзеде транспаренти на фановите во кои се критикуваше претседателот Флорентино Перес дека е виновен за ситуацијата и се бараше оставка, а Флорентино беше снимен и како лично се кара со еден гледач.


