Тага кај кралевите – Почина Лоренцо Санс

Тажна вечер за Реал Мадрид стаса од болницата во која беше хоспитализиран Лоренцо Санс, кој ја загуби битката со Коронавирусот.

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, кој беше на чело на најтрофејниот европски клуб од 1995 до 2000 година, имаше 76 години и беше во најризичната возрасна категорија заразена од опасниот вирус.

Санс беше на чело на Кралскиот клуб кога беа освоени седмата и осмата европска круна, со победи во финалето во Амстредам во 1998 година против Јувентус и две сезони подоцна по триумфот над Валенсија во Париз.

Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес му е зет за ќерка на Санс, човек што во кралскиот клуб ги донесе Мијатовиќ, Шукер, Роберто Карлос…

Токму во 2000 година Лоренцо ја напушти позицијата, откако на изборите за претседател на Реал Мадрид загуби од актуелниот прв човек на Кралевите, Флорентино Перес.

- Оглас -

Најнови вести