Тагата за смртта на Коби е преголема, откажано е дербито на ЛА

Кошаркарското дерби меѓу Лос Анџелес лејкерс и Лос Анџелес клиперс кое требаше да се игра вечерва во 4 часот по полноќ, е откажано. Челниците на НБА лигата решија дека тагата за смртта на Коби Брајант е преголема и дека никој во таборот на Лејкерс не може да се фокусира на натпреварите.

„НБА мечот меѓу Лејкерс и Клиперс кој требаше да се игра во Стејплс центарот е одложен. Оваа одлука ја донесовме како почит кон Лејкерс, клуб во кој длабоко жалат за трагичната смрт на легендата на клубот, Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и уште седуммина други луѓе. За новиот термин на ЛА фербито дополнително ќе се одлучи“, стои во соопштението на НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести