Тајна порака од организаторите на Отвореното првенство на Австралија оди во корист на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е еден од оние спортисти кои се против вакцината која штити од корона-вирусот и уште се нема имунизирано. Токму оваа одлука на Ѓоковиќ може да му донесе големи проблеми во професионалната кариера. Во последно време, често се поставува прашањето дали Ѓоковиќ ќе добие дозвола да настапи на првиот гренслем-турнир во 2022 година, Отвореното првенство на Австралија.

Турнирот во Мелбурн е еден од најомилените на Ѓоковиќ затоа што има дури девет титули. Србинот е и актуелен бранител на тронот на Отвореното првенство на Австралија, но дилема беше дали ќе добие дозвола за играње затоа што државата Викторија неодамна воведе задолжителна вакцинација на сите професионални спортисти.

Сепак, според нејновите информации, американскиот новинар Бен Ротенберг откри дека Тенис Австралија има „таен мејл“ во кој се вели дека дозвола за настап на гренслемот ќе имаат и невакцинираните тенисери, но тие при влез во земјата ќе мора да одат во 14-дневен карантин.

Оние тенисери кои се целосно вакцинирани при влез во земјата нема да имаат потреба да одат во карантин. Според некои проценки, само околу 60-65 отсто од најдобрите тенисери и тенисерки во светот ги имаат примено потребните дози од вакцината против корна-вирусот, па затоа и оваа одлука да се дозволи и невакцинираните да настапат за да биде тоа сепак турнир на најдобрите, а не само на вакцинираните.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести