Така оди таа работа: Триумф над шампионот, за преноќевање на чело на Ла Лига (видео)

Гранада го шокираше актуелниот шпански првак Барселона со триумф 2-0 во мечот од петтото коло во Ла Лига. Каталонците сами си наштетија со непрепознатливото издание, а колку фудбалерите на Ернесто Валверде беа очајни, покажува нивната статистика во која забележаа само еден удар во рамките од голот на домашниот состав.

Барселона се најде во негатива веќе во втората минута од мечот, кога домашните фудбалери уште во првиот нивен напад се заканија и ја затресоа мрежата на Тер Штеген, а Азиз се радуваше на погодок. Варверде посегна по Меси и Фати и ги пушти во игра со почетокот на вторите 45 минути, но и нивното влегување немаше придонес. Иако го диктираа темпото, Каталонците немаа идеја како да се вратат во игра, а 65-тата минута беше кобна за нив, бидејќи Гранада поведе со 2-0 по прецизвниот удар на Вадилјо од белата точка.

Гранада ќе преноќи на првата позиција на табелата со 10 бода по пет кола, додека Барселона со вториот претрпен пораз сезонава паднаа на седмото место со исто толку бода.

https://www.dailymotion.com/video/x7ljfix

https://twitter.com/didotxf/status/1175508334922747904

- Оглас -

Најнови вести