Македонскиот првак Вардар во Норчиа, Италија, се подготвува за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Прв ривал на Црвено-црните ќе биде финскиот шампион КуПС, а голманот Давор Талески во кариерата има искуство против овој тим, со оглед дека во минатото беше интернационален во Финска.
„Одлично се подготвуваме во Италија, имаме добри услови за работа. Имавме добра сезона зад нас и целата таа позитивна енергија што се случи со титулата и последните резултати кои ги направивме, сакам да ја насочиме кон ЛШ и да пробаме да го победиме финскиот шампион“, вели Талески.
Тој знае што го чека Вардар на дуелот против КуПс во квалификациите за ЛШ.
„Сум бил една сезона во Финска, знам добро што не очекува со КуПС. Се работи за директна екипа што игра на гол повеќе. Првиот меч во Скопје ќе зависи многу од исходот во првата рунда. Се надевам дека со нашите навивачи заедно ќе се избориме за добар резултат дома, па ќе играме за исто и на гости“, вели чуварот на мрежата и додава:
„КуПС игра на вештачка трева, имаат мал стадион, секогаш е тешко да се игра против нив. Се работи за права домашна екипа. Мислам дека ако бидеме на ниво, а не гледам зошто би биле, сметам дека може да имаме долго европско лето. Против КуПС сум бранел двапати, еднаш сум бил успешен со победа и се надевам дека и сега ќе продолжи истото и со Вардар во ЛШ.“

