Таман му тргна во Монтреал, Анри си замина

Тјери Анри си замина од Монтреал, клубот што игра во МЛС-лигата и чиј тренер беше од 2019 година. Одлуката на големиот фудбалски ас ги изненади сите во таборот на Канаѓаните, кои не очекуваа Анри да се повлече.

„Со тешко срце донесов одлука да си заминам. Минатата година беше исклучително тешка за мене поради пандемијата со ковид-19. Бев одделен од семејството и не можев да си ги видам децата. Заради рестрикциите ќе мора да се селиме во САД, што е неприфатливо за мене и морав да донесам ваква одлука“, истакна Анри.

Почетокот на тренерската кариера му беше неуспешна и мораше брзо да си замине од редовите на клубот чиј играч беше во минатото. Потоа се пресели во Канада, во Монтреал и имаше добри резултати.

Клубот во сезоната 2019/20 за првпат се пласира во плејофот на МЛС-лигата по пауза од три години, но испадна во првото плејоф-коло. Монтреал под команда на Анри играше и во Лигата на шампионите во Северна и Централна Америка, односно во Конкакаф зоната, и испадна во четвртфиналето во двомечот со Олимпија од Хондурас. И овде Монтреал за првпат учествуваше по паузата од 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести