Таман за деби гол – Мајсторски потег и погодок на Ердон Даци (Видео)

Ердон Даци го постигна дебитантскиот гол за својот клуб Коњаспор, а и акцијата и реализацијата на младинскиот репрезентативец на Македонија беа извонредни.

Фарук Мија одлично го проигра Даци, а 21-годишниот наш репрезентативец мајсторски реагираше и погоди со прецизен удар за предност на својот тим од 1:0 на гостински терен.

Даци беше член на Вардар, но одлули да се пресели во Коњаспор, најпрво во младинската Академија, а од оваа сезона и како член на сениорскиот тим.

Досега одигра 12 натпревари за Коњаспор, а ова му е прв гол во турското првенство.

https://twitter.com/MacedonianFoot/status/1211282094892171265?s=20

- Оглас -

Најнови вести