Тандемот на Сасуоло ја разби швајцарската одбрана (видео)

Мануел Локатели ја отвори средбата во Рим со погодок во корист на Италија за водство од 1-0 против Швајцарија во мечот од второто коло на ЕП.

Тандемот на Сасуоло, Берарди и Локатели одлично соработуваа на теренот, па откако крилниот напаѓач проби по десната страна, му сервираше лесен погодок на клупскиот колега пред противничкиот гол.

- Оглас -

Најнови вести