Тажен крај за Португалецот: Роналдо не можеше да ги задржи солзите (Видео)

Поразот на Португалија од Шпанија значеше и елиминација од Светското првенство. Овој неуспех означи и крај на една неверојатна ера. За Кристијано Роналдо ова беше последен натпревар на Мундијалите.

Точно пред 20 години Роналдо првпат заигра на планетарните собири, а во следните две децении играше на вкупно шест Светски првенства. Тој испиша рекорд со тоа што стана првиот и засега единствен фудбалер кој постигнувал гол на шест различни Мундијали.

Роналдо има 41 и пол години и невозможно е да се очекува тој да игра на Мундијалот за четири години. По завршување на мечот против Шпанија, Роналдо не можеше да го сокрие разочарувањето и со солзи во очите го напушти теренот. Последното испраќање на Роналдо од мундијалскиот терен беше со солзи во очите и може да го погледнете ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести