Тажна сабота, почина легендата Виктор Понеделник

Денеска на 83-годишна возраст, почина Виктор Понеделник, легендата на европскиот фудбал, и човек кој го даде голот за победа на СССР во финалето на првото Европско првенство, одржано во далечната 1960 година. Со смртта на Понеделник, сега веќе сите играчи од шампионскиот тим на некогашната држава се покојни.

Во финалето на ЕП 1960 година во Париз, Советите ја победија Југославија со 2-1, а Понеделник својот гол го постигна во 113-та минута.

- Оглас -

Најнови вести