Тејтум леташе во Градината на Бостон, со 54 поени ги наполни мрежичките од Бруклин (Видео)

Џејсон Тејтум одигра брилијантен меч и со 54 поени беше незадржлив за одбраната на Бруклин нетс во победата на Бостон селтикс со 126:120.

Крилото на Келтите имаше вонсериски дуел со Кевин Дурант и успеа да го добие, иако и популарниот Дурантула одигра блескав меч со 37 поени, 8 асистенции и шест скока.

За него тоа значеше и историја и вечерва ја мина границата од 25.000 поени во НБА-лигата како 23 кошаркар што успеал да стигне до таков подвиг.

Бостон сега има серија од 3 победи по ред на петтото место во Источната конференција во НБА-лигата со вкупен биланс 39-27.

Бруклин е на десеттото место, последно што води во плејофот со скор од 32-33, а има серија од четири порази.

 

- Оглас -

Најнови вести