Дури сега нема да има кој да го сопре Јувентус!

Актуелниот италијански првак Јувентус во скоро време ќе добие „финансиска инјекција“ од 300 милиони евра која треба да биде наменета за доведување нови играчи. Овие пари се како дел од долгорочниот план кој треба да ја задржи Старата дама меѓу водечките екипи во Европа и во следните години.

Иако за минатата сезона клубот покажа загуба од 39,9 милиони евра, претседателот на клубот Андреа Ањели добил позитивен одговор од бордот на директорите дека ќе бидат влеани нови 300 милиони евра.

„Мора да размислуваме глобално. Јувентус е најдобар италијански клуб и тој треба да биде во европскиот врв на фудбалот. Ако ги погледнеме најголемите клубови во Англија, Шпанија, Германија, тие имаат технички обрт помеѓу 500 милиони и една милијарда евра.“ овјаснува Ањели, кој додаде дека визијата е Јувентус да стане глобален бренд.

Главната цел е Јувентус да пронајде замена за Роналдо, а како најлогично решение засега е доведување на Килјан Мбапе од Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести