Тектонски промени во Англија, Премиер лигата ќе се скрати од 20 на 18 тима?!

Премиер лигата во блиска иднина би можела да биде поинаква од оваа на која се навикнавме во претходните три децении. Неколку клубови предводени од Манчестер јунајтед и Ливерпул, покренаа иницијатива за кратење на најсилната англиска лига од 20 на 18 клуба. Овој проект е под работен наслов „Голема слика“.

Според предлогот, во некоја од наредните сезони треба да испаднат четири тима од елитата, а само два да влезат од Чемпионшип во Премиер лига. Третиот, четвртиот и петтиот од Чемпионшип, би играле плејоф со 16-тиот од премиерлигата, што значи дека шестата позиција во втората лига губи на значењето кое го има сега.

Се бара и укинување на Лига купот, дури и суперкупот наречен Комјунити шилд. Со „Големата слика“ се предвидува 14 клуба да одлучуваат за системот за натпреварување, а девет клуба (големата шесторка плус Евертон, Вест Хем и Саутхемптон) како клубови со најдолг стаж во Премиер лигата, да имаат специјален статус и право на вето. Лига купот може и да преживее, но ако го него не играат клубовите кои учествуваат во еврокуповите.

- Оглас -

Најнови вести