Тенисерка доби грозоморни пораки после пораз (Фото)

Франуската тенисерка, Каролин Гарсија, после поразот од Фиона Феро на турнирот во Санкт Петербург, на социјалните мрежи добила еден куп ужасни пораки. Дали станува збор за разочарани обложувачи кои чекале нејзина победа засега не е познато, но содржината на пораките е грозоморна.

Од „Ти си најмизерната губитничка и срам за спортот“, до „Татко ти е копиле“, „Кучко“ и „Се надевам дека ќе умреш од рак“, се дел од пораките кои ги добила 26-годишната Французинка која е 39-та на ВТА листата, после поразот од Феро која е 58-ма на листата.

Таа јавно објави некои од пораките.

- Оглас -

Најнови вести