Тениски хаос во Шенжен – Тргни-застани системот ги испрати Барти и Бенчиќ во полуфиналето

Вистински хаос се случува во Шенжен, Кина, на завршниот ВТА-турнир на осмуте најдобри тенисерки во 2019 година, а по цела серија откажувања, денеска и Кики Бертенс се предаде и не го доигра мечот против Белинда Бенчиќ.

На почетокот на вториот сет, Холанѓанката го предаде мечот откако го загуби првиот сет со 5:7. Со ваквиот исход Бенчиќ ѝ се приклучи на Ешли Барти во полуфиналето од Црвената група, каде што играа пет тенисерки, наместо предвидените четири. Наоми Осака по стартната победа се откажа, па наместо неа доигра Бертенс, но и таа денеска се предаде.

И во втората група имаше откажување, поради повреда се повлече Бјанка Андреску, па наместо неа, ќе доигра Софија Кенин, и тоа само еден меч, против лидерот во групата Елина Свитолина.

Украинката е веќе полуфиналистка, а втората ќе се знае по дуелот меѓу Халеп и Плишкова закажан за утре.

- Оглас -

Најнови вести