Тео Ернандес е нов играч на Милан

Младиот бек на на Реал Мадрид Тео Ернандес, е ново засилување на Милан. Росонерите го ангажираа Французинот на петгодишен договор за сума од околу 20 милиони евра, иако првично нивната цел беше да го доведат на едногодишна позајмица.

Фудбалерот уште пред неколку дена ги помина медицинските прегледи во Милано, а од денес и официјално е нов играч на Милан.

Ернандес минатата сезона ја мина во редовите на Реал Сосиедад каде настапи на вкупно 28 натпревари, додека во дресот на Кралевите одигра само 23 меча.

Инаку, Реал го купи Ернандес во јули 2017 година од редовите на градскиор ривал Атлетико за околу 23 милиони евра, а откако беше јасно дека не е во плановите на Зидан, оваа преселба во Милан беше очекувана.

- Оглас -

Најнови вести