Тешка судбина: Босански стратег добива отказ од секоја репрезентација со која обезбедил пласман на Мундијал

Вахид Халилхоџиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Мароко. Босанскиот стратег доживува дежа ву по третпат откако Мароко го избрка на околу 100 дена од стартот на Светското првенство во Катар.

Халилхоџиќ преку африканските квалификации успеа да му обезбеди на Мароко пласман на Мундијалот, а отказот е „награда“ за тоа. Сепак, причината за разделбата е што Халилхоџиќ наводно одбивал да ја врати првата ѕвезда на селекцијата назад во тимот, Хаким Зијех, иако претходно ѝ ветил на управата дека ќе го стори тоа.

Иста судбина Босанецот доживеа како селектор на Брегот на Слоновата Коска и Јапонија. На столчлето на БСК седна во 2008 година и успеа да ја пласира селекцијата на Мундијалот во Јужна Африка две години подоцна, само што не го дочека Светското првенство бидејќи беше отпуштен четири месеци пред стартот на турнирот.

Во 2015 година ја прифати работата како селектор на Јапонија и обезбеди пласман на Мундијалот во Русија во 2018 година, но Халилхоџиќ не го дочека првенството бидејќи доби отказ неколку месеци пред тоа.

- Оглас -

Најнови вести