Тешка задача пред Италија, само еден тим кој на полувреме во финале губел со 0-1, станал европски првак

Предноста од 1-0 по првото полувреме на Англичаните не им гарантира победа во финалето на Европското првенство во фудбал, но историјата на финалните дуели најавува победа на Гордиот Албион.

Предност од 1-0 по 45 минути игра речиси секогаш значело победа во финале на ЕП. Исклучок е само првото финале во далечната 1960 година, кога играа две држави кои веќе не постојат, Југославија водеше со 1-0 против СССР, а на крајот титулата им припадна на Советите, кои победија со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести