Тешката артилерија ја започнува битката за титулата: Леброн, Јанис, Каваи, Јокиќ, Дурент и Морант

Вечерва се играат четири натпревари од плејофот во НБА лигата и на теренот ќе бидат најголемите ѕвезди на денешницата, а прогнозерите во Sport Life имаат широк спектар на игри.

Од вечерва, битката за титулата ќе ја започнат Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Каваи Ленард, Јанис Адетокумбо, Никола Јокиќ, како и еден од најдобрите млади кошаркари, Џа Морант.

Возбудувањата почнуваат со дуелот меѓу Мемфис гризлис и Лос Анџелес Лејкерс и ова ќе претставува на младоста против искуството. Мемфис заврши како второпласиран во Западната конференција, додека Лејкерси во плејофот влегоа преку плејин турнирот.

Мемфис кој е предводен од проблематичната млада ѕвезда Џа Морант чии одлични игри, во финишот од сезоната паднаа во сенка на неговите проблеми за законот, е фаворит против Лејкерси и квотата за единица изнесува 1,66.

Јанис Адетокумбо и Милвоки бакс се фаворити во првиот меч од плејоф серијата на Истокот против Мајами хит.

Дерби на првото коло од плејофот сигурно е дуелот меѓу Феникс санс и ЛА Клиперс. На едната страна се ѕвезди како Кевин Дурент, Девин Букер и Крис Пол, додека Клиперси ги предводат Каваи Ленард и Пол Џорџ, што треба да донесе вистински кошаркарски спектакл.

Последниот меч од вечерашната програма ќе се игра во Денвер каде Нагетси предводени од Никола Јокиќ ја пречекуваат Минесота тимбервулфс.

Секогаш во Sport Life има и одлични поединечни игри па во понудата може да одберете за „плус-минус“ поени на играчите, а тука се истите игри за бројот на асистенции и скокови.

 

- Оглас -

Најнови вести