Тетовчанец имаше многу среќа, Болоња, Молде и Ливерпул му донесоа 106.000 денари

На уплатно место на Sport Life во Тетово еден прогнозер вчера попладне вложил 50 денари, играјќи 12 фудбалски натпревари и, за негова среќа, сите излегоа како што посакуваше, па доби 106.239 денари.

Три натпревари од ливчето беа исклучително возбудливи и му донесоа голема радост на прогнозерот. Сите се решаваа по 90-тата минута и секогаш со позитивен исход за прогнозерот, кому ѕвездите му беа наклонети.

Прогнозерот имаше уплатено на победа на Ливерпул и притоа дека двата тима ќе дадат гол. Кога лондонскиот тим изедначи, тикетот беше на добар пат, а домашните многу среќно, со автогол на Тоби Алдервејрелд дојдоа до трите бода, за голема радост и на прогнозерот во Тетово.

Само половина час подоцна, прогнозерот претрпе два шока. Чекаше „гол-гол“ на дуелот од норвешкиот шампионат помеѓу Сарпсборг и Молде. Домашните рано си ја завршија работата, а Молде во 90-тата минута постигна гол за 1-1.

Дека нема шанса тикетот да биде недобитен, се виде само неколку минути по голот на Молде. Болоња требаше да го победи Сасуоло, а гостите во 92-рата минута изедначија на 1-1. Ова веројатно донесе големо разочарување кај прогнозерот, но средбата имаше судиско продолжение од шест минути и во 96-та минута, Матија Дестро им донесе триумф на „болоњезите“, кои успеаја да се извлечат од зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести