Тежок нокаут за Пакш со Токмак што многу Боли

Тандемот странци на Ференцварош Токмак Нгуен и Франк Боли беа расположени за голови и сами го декласираа Пакш со 5:0 како закана за Динамо Загреб пред мечот во квалификациите во Лигата на шампионите што ќе се игра на 16. септември на „Групама“ арена во Будимпешта.

Нгуен постигна хет-трик во првите 28 минути, а по норвешкиот репрезентативец со прецизна стрелба продолжи играчот од Брегот на Слонова коска Боли.

Френк беше прецизен во 47. и во 92. минута со што ја потврди втората победа во третото коло за најтрофејниот унгарски клуб со 31 титула.

Популарниот Фради пак е на врвот на табелата со 7 бода во очекување на локалното дерби од полуфиналето во квалификациите за ЛШ против хрватскиот првак Динамо Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести