Тимо Вернер до навивачите на Челзи: Никогаш нема да ја заборавам песната која ја пеевте за мене!

Германскиот напаѓач Тимо Вернер се врати во Лајпциг, но како што е редот, не ја пропушти можноста да му се заблагодари на клубот Челзи, чиј дрес го носеше на 89 натпревари во изминатите две сезони и постигна 23 гола.

„Дојде крајот на моето патување со Челзи. Многу сум благодарен за времето кое го минав во тој специјален клуб. Би сакал да изразам благодарност до моите соиграчи, тренери и целиот тим, а специјално до вас фановите на Челзи. Ми дававте љубов и поддршка, бевте зад мене и во добри и во тешки времиња. Заедно освоивме трофеи како оној во Лигата на шампионите и секогаш ќе ја паметам песната која ја напишавте и ја пеевте за мене. Се надевам дека еден ден повторно ќе играм на ‘Стемфорд Бриџ’”, порача Вернер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести