Тимот на Рибери е чудо – Од сигурен испаѓач сега е на чекор од опстанок

Екипата на Салернитана беше отпишана до пред неколку кола и „закована“ на дното во Серија А, но сега работите целосно се сменија.

Во последните три кола, тимот за кој што игра Франк Рибери има исто толку победи, а денеска „настрада“ Фиорентина, во меч од 34-то коло, кој на крајот заврши 2:1.

Милан Ѓуриќ (9′) и Федерико Бонацоли (79′) ја погодија мрежата на Виола, додека голот за гостите беше дело на Рикардо Сапонара во 64-та минута.

Со оваа победа, Салернитана сега има 25 бодови и се наоѓа на 18-то место, а над нив е Калјари кој што има три бода повеќе, но и по ова коло ќе има и средба повеќе.

За Салернитана радува фактот дека Калјари ќе игра против Џенова, тим кој што е исто така во зоната за испаѓање со 22 бода, па ќе имаат мотив плус да се надеваат денеска на реми.

- Оглас -

Најнови вести