Титулата „новиот Меси“ му ја уништи кариерата, пред крајот ќе ја спасува покрај легендата на Барселона

Бојан Кркиќ своевремено важеше за голема надеж на Барселона, во периодот кога Лионел Меси полека ја заземаше големата сцена во фудбалот. Јавноста го оптовари со титулата „новиот Меси“ сметајќи дека ќе го искористи потенцијалот како продукт на „Ла Масија“, но тоа никогаш не се случи, па кариерата на Шпанецот со српско потекло доживееа слободен пад.

Сега кога се наоѓа пред самиот крај на кариерата, во неговата 31-ва година, Кркиќ одлучи да потпише за Висел Кобе, јапонскиот прволигаш, каде што прва ѕвезда е иконата на Каталонците и еден од најдобрите шпански фудбалери во историјата, Андрес Иниеста.

Кркиќ како слободен играч стави потпис на важечки договор до јануари 2023 година, a Висел ќе му биде деветти клуб. Барселона често го праќаше на позајмици во Милан, Рома, Ајакс, за во летото 2014 година да го продаде во Стоук за помалку од два милиони евра. Ниту таму се прослави, па следеа нови позајмици во Мајнц и Алавес, а сезоната 2019/20 ја помина во МЛС лигата настапувајќи за Монтреал импакт.

- Оглас -

Најнови вести