Точно 20 години од можеби најдобрата асистенција во историјата на ЛШ (Видео)

Во отсуство на актуелни возбудувања во Лигата на шампионите, вреди да се потсетиме на потезите кои остануваат запамтени во Лигата на шампиони. На денешен ден во 2000 година година, Реал Мадрид гостуваше на „Олд Трафорд“ кај Манчестер во нокаут фазата од елитната лига.

Манчестер јунајтед беше во улога на актуелен европски владетел, но Реал со Раул, Роберто Карлос, Икер Касилјас, Фернандо Редондо, Фернандо Мориентес и останатите, не се плашеше од никого. На гостувањето во Манчестер, Реал победи со 3:2, а потегот на Редондо кога направи продор и асистираше за погодокот на Раул се памти како еден од најдобрите во историјата на ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести