Новак Ѓоковиќ попладнево ќе игра во осминафиналето на Вимблдон против Роман Сафиулин од Русија. Најтрофејниот тенисер на сите времиња важи за голем фаворит против Русинот кој е на 132 место на АТП листата. Овие двајца тенисери досега се сретнале три пати и секогаш Ѓоковиќ лесно победувал со по 2:0 во сетови.
Сепак, несомнен е напредокот на Сафиулин. Русинот пред точно 10 години, односно во март 2016 година, играше против тогаш најдобриот активен македонски теренир Томислав Јотовски и загуби. Пресметката меѓу Јотовски и Сафиулин беше во рамките од ИТФ фјучерс турнирот во Тунис, а македонскиот тенисер тогаш беше подобар со 7:6 (3), 3:6 и 7:6 (1).
Тогаш Сафиулин беше тинејџер и имаше само 18 години. Поразот од Јотовски не го разочара, туку продолжи да тренира мнгоу подобро и сега, една деценија подоцна, Русинот стигна да игра против Ѓоковиќ на Вимблдон во борба за место во четвртфиналето.


